Дебата: Современите тенденции во методиката на изучувањето на рускиот јазик
На 5 октомври 2018 година со почеток во 19 часот во просториите на Рускиот центар при
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје беше одржана дебата во врска со современите
тенденции во методиката на изучувањето на рускиот јазик.
На дебатата беа присутни наставници и
поранешни професори по руски јазик од Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“, како и дел од
поранешните и сегашните студентите на групата за руски јазик и книжевност.
На средбата беа
изложени најновите начини на предавање на рускиот јазик според државната програма за РКИ
(руски јазик како странски).