Дебата „Советскиот Сојуз и Минхенскиот договор“
На 19 октомври 2018 година со почеток во 19 часот во просториите на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје беше организирана дебата „Советскиот Сојуз и Минхенскиот договор“.
Минхенската спогодба кој беше потпишана на 30 септември 1938 година од страна на лидерите на Франција, Англија, Италија и на нацистичка Германија, а со кој се предвидуваше отцепување на Судетската област од Чехословачка, во советската и во современата историографија се смета за злосторство без преседан во однос на меѓународното право кое стана вистински пролог за Втората светска војна, и се нарекува „Минхенски договор“.
Воведно излагање на темата имаше Михаил Лушин, историчар од Москва.