Дебата
На 5 октомври 2018 година со почеток во 19 часот во просториите на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје беше одржана дебата во врска со современите тенденции во методиката на изучувањето на рускиот јазик. На дебатата беа присутни наставници и поранешни професори по руски јазик од Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“, како и дел од поранешните и сегашните студентите на групата за руски јазик и книжевност. На средбата беа изложени најновите начини на предавање на рускиот јазик според државната програма за РКИ (руски јазик како странски).