Византија и Русија од појавата на Русите до смртта на кнезот Владимир
Рускиот центар при УКИМ организираше промоцијата на книгата „Византија и Русија од појавата на Русите до смртта на кнезот Владимир“ од Иле Велков.
Оваа книга е плод на повеќегодишно собирање на материјали, литература и извори, како и на повеќегодишно истражување. Резултатот од повеќегодишното проучување на изворите и на научната литература е оваа книга во која е опфатена целокупната историја на односите помеѓу двете инволвирани земји, Византија и Киевска Русија, како и крајниот резултат од нив, а тоа е христијанизацијата на Киевска Русија. Целта на оваа книга е преку проучување на изворите и историографската литература и врз база на нив да дојде до нови сознанија и да се обиде да реши некои од прашањата кои се провлекуваат во истата. Исто така, нејзина цел е да им послужи, пред сè на студентите по историја, но и на сите љубители на пишаниот збор, коишто сакаат да дознаат нешто повеќе за минатото на Византија и Русија, но и на Балканот и на Македонија, и со тоа да ги продлабочат своите знаења.
Книгата ја промовираше проф. д-р Александар Атанасовски во големиот амфитеатар на Филозофскиот факултет во Скопје.