ОКЛОПНИЦАТА „ПОТЕМКИН“
По повод 120-годишнината од раѓањето на Сергеј Михајлович Ејзенштејн во просториите на Рускиот центар при Универзитетот Сц. Кирил и Методиј се одржа проекција на филмот
ОКЛОПНИЦАТА „ПОТЕМКИН“
За значењето на филмот за светската кинематографија, за режисерската естетика и за творештвото на Сергеј Ејзенштејн воведно предавање одржа Ана Глигорова, магистер по културологија и ТВ-режисер. По проекцијата на филмот следуваше интересна дискусија со присутните.