Малиот човек
По повод јубилејот 160 години од раѓањето на Антон Павлович Чехов, Рускиот центар при УКИМ организира трибина на тема „Малиот човек и современоста“. Целта на трибината е да го препознае „малиот човек“ на Чехов во современото општество и да се обиде да ги лоцира општествените промени кои (ако?) можеле да влијаат врз промената на статусот на овој стереотип.
Учество на оваа трибина земаа:
д-р Мишел Павловски, редовен професор
д-р Билјана Тануровска Ќулавковски, културен работник и куратор
Петар Андоновски, писател
Никола Шиндре, борец за човекови права