Прошетка низ музеите на Чајковски
Во Русија постојат неколку музеи на Чејковски. Еден од нив е дом музејот во градот Клин. Кој се наоѓа недалеку од Москва. Овој град е познат по тоа што на времето претставувал крепост на Тверското кнежевство. Петар Илич Чејковски се доселил во оваа куќа во последните години од својот живот. Додека живеел композиторот во оваа куќа таа изгледала поинаку. Откако е реконструирана оваа куќа почнала да работи како музеј во 1894 година. Овој музеј претставува прв меморијален музеј во Русија. Дом музејот за време на втората светска војна претрпел сериозни оштетувања но потоа бил реставриран. Во меморијалниот дом можат да се сретнат експонати од личниот живот на Чејковски како неговиот тестамент, куфери, диригентска палка, цилиндри. Тука е зачувана атмоферата од времето кога жувеел големиот композитор. Зачувана е и неговата библиотека во која тој често седел и љубел да чита. Неговиот клавир кој постојано се одржува е главната атракција и на него може да се свири бидејќи сеуште е во одлична состојба.
Музејот на Петар Илич Чејковски во Москва е отворен во 2007 година во зградата каде живеел извесно време. Москва во неговиот живот и творештво одиграла огромна улога. Неговата креативна индивидуалност се појавила токму во периодот кога живеел во Москва. Во овој музеј има концертна сала и експозиција која содржи околу 500 експонати која го прикажува неговиот личен живот. Тука може да се сретне и експозиција на фотографии и негови лични ракописи.
Оваа прошетка по музеите на Петар Илич Чејковски ни ја овозможи д-р Емил Ниами во Рускиот центар при УКИМ.