Литературна прошетка низ Москва: Сергеј Александрович Есенин
Сергеј Александрович Есенин, е роден на3 октомври 1895 година во селото Константиново,Рјазањска губернија, како трето дете на Александар Никитич и Татјана Фјодоровна. Кога имал само две години, неговите родители се разделиле, така што воспитувањето на малиот Сергеј го презел дедо му Фјодор Андреевич Титов, во чија куќа ги поминал годините на детството и раната младост. Сергеј бил немирено и палаво момче, но бистро и снаодливо.
Сергеј учел во Спас-Клепиковската црковно-учителска школа, која ја завршил во 1912 година. Во 1912 година, Есенин решил да замине во Москва, следејќи ги своите „соништа за богатството и славата“, со намера да го продолжи школувањето во Педагошкиот институт. Се надевал дека ќе биде потпомогнат од татко му, кој во тоа време работел во месара. Сергеј добил писарска работа во администрацијата на истата фирма, но набргу бил избркан затоа што не сакал да станува кога доаѓала сопственичката на фирмата, како што станувале сите други вработени.
Тој сакал да стане поет и следна работа која ја нашол била работа во книжарницата каде ги прочитал сите руски класици. Тој по следниот конфликт со својот татко се пакува и заминува да живее во книжарницата каде што работи. По затварањето на книжарницата се враќа во Константиново. Но по еден месец се враќа во Москва и се вработува повторно во книжарница. Во тој период Есенин се зачленува во револуционерното движење. Во тоа време почнува да мечтае да се пресели во Петербург. Во меѓувреме се запознава со видни личности од литературата. Во 1914 година под псевдонимот Аристон е испечатена една од најпознатите стихотворби на Есенин, Бреза.
Неговиот престој на Јалта бил многу инспиративен но бил принуден да се врати во Москва.
Куќата во која што живеел Сегеј Есенин и неговиот татко во Москва подоцна била претворена во музеј.
Оваа литературна прошетка низ Москва ни ја овозможи д-р Емил Ниами во Рускиот центар при УКИМ.