Работилница: „Современата настава по јазик и нејзината методичка поставеност“
Со цел подобрување на наставата по руски јазик во земјава и запознавање со новините од областа на методиката на наставата по јазик, Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ започна со програмата за повишување на квалификациите на наставниците-русисти. Со таа цел беа организирани работилници и трибини на кои учесниците имаа можност заедно со специјалисти од оваа област да ги утврдат постојните знаења и да се стекнат со нови, а со цел повишување на професионалните квалификации.
Првата работилница со наслов „,Современата настава по јазик и нејзината методичка поставеност“ се одржи на 13.4.2019 во Рускиот центар при УКИМ. Обуката ја водеше доц. д-р Гордана Алексова од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и д-р Емил Ниами од Рускиот центар при УКИМ. Почетокот беше во 10 часот. За учество во работилницата потребно беше да се пополни пријава и да се испрати на електронската адреса на Рускиот центар. Регистрацијата на учесниците започна во 9 часот и 30 минути, а работилницата траеше до 14 часот со вклучена кафе-пауза.
Учеството на оваа работилница беше бесплатно.