Интерактивната изложба „Московска зима“
На 26 октомври 2018 година со почеток во 19 часот во просториите на Рускиот центар при
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје беше организирана интерактивната изложба
„Московска зима“. Изложбата беше составена од слики на познати руски сликари на делови од
Москва во зима споредени со фотографии на истите места од минатото и од сегашноста.