Промоција на руските литературни изданија и ресурсите за изучување на рускиот јазик, литература, култура и руска историја во Република Македонија.
На 28 септември 2018 година со почеток од 9 часот и 30 минути во просториите на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржa настан посветен на промоција на руските литературни изданија и ресурсите за изучување на рускиот јазик, литература, култура и руска историја во Република Македонија.
Целта на настанот беше да се помогне и да се промовира рускиот јазик и образованието на руски јазик во Република
Македонија.
Беа дадени информации за достапните електронски ресурси за руски јазик, литература, култура и историја на Русија, нивните позитивни страни и можноста за користење на електронските библиотеки, обезбедување масовно користење на дадениот пристап до електронските библиотеки за руски литературни изданија и ресурси за руски јазик, литература, култура и историја на Русија.
На учесниците им се обрати директорот на одделот на информациски технологии на АД „Оценка на квалитетот на образованието“, кандидат на економски науки Алексеј Сергеевич Тишченко.
Информациско-комуникацискиот дел беше организиран во формат на предавања, семинари и мастер-класови.