Византиска икона
На 4 декември, на празникот Воведение во храмот на Пресвета Богородица – Пречиста во Рускиот Центар во Скопје се одржа работилница за византиска икона.
Првите икони се изобразени од светиот апостол Лука каде Богородица го држи Младенецот. Секоја индивидуа традиционално старува со изобразување на ликот од Пречистата.
На работилницата учесниците беа запознаени со вовед во византиско иконописно сликарство, компарација на македонскиот византиски и рускиот византиски стил, техниките на зографисување, историјата и влијанието .Потоа посетителите ги искусија традиционалните техниките за иконопис, изобразувајќи го ликот на Богородица.