350 години од раѓањето на рускиот император Петар Велики
Во рамките на одбележувањето на јубилејот 350-годишнината од раѓањето на рускиот
император Петар Велики, Рускиотцентар при УКИМ се приклучи кон иницијативата со
два настана.
Првиот настан беше организиран на 23 септември и беше насловен како „Петербург од
времето на Петар Велики“. На онлајн-платформата ЗУМ к.ф.н. Наталија Милчовска,
родена во Санкт Петербург, ги поведе присутните на интересна екскурзија на местата на
кои престојувал Петар Велики.
Вториот настан беше организиран за студентите по руски јазик и книжевност од
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје со прикажување на филмот „Юность
Петра“. Најпрво на студентите им беа презентирани историски факти поврзани со Петар
Велики, а потоа се зборуваше за самиот филм, неговото создавање, но и за романот „Петар
Велики“ од Алексеј Толстој врз основа на кој е и снимен самиот филм.