Никола Чудотворец – најпочитуванот светец во Русија
Иконописците во цела стара Русија од 13 век работеле на ликот на Никола. И во текот на вековите, во зависност од „модата“ во иконописот и од каноните, ликот и деталите се менувале, како и стилот на сликање. При споредбата на старите икони од 14 и 17 век очигледно е влијанието на западноевропската уметност и на барокот.
Предавањето за тоа како во стара Русија византискиот свети Никола го восприемале целосно како „свој“ и како го восприемаат денес во современа Русија го одржа д-р Емил Ниами.